Достапни линкови

Капетанот на италијанскиот брод во домашен притвор


Капетанот на италијанскиот брод кој се преврте откако удри во карпи е ослободен од затвор, но е ставен во домашен притвор. Капетан Франческо Шелтино е под истрага за убиство и за напуштање на брод кој тоноше. Најмалку 11 луѓе се водат како загинати, а над 20 се верува се водат за исчезнати од минатиот петок. Бродот Коста Конкордија туристичка крстарица ззаринка во петок на 13 Јануари,во близина на остров во регионот Тоскана.
Адвокатот на Шелтино изјави дека капетанот негира оти го напуштил бродот, кој превезувал над 4.200 патници и членови на екипажот. Италијанските медиуми пак емитуваа снимки во кои спасувачите од брегот му довикуваат на капетанот да го напушти чамецот за спасување и да се врати на неговиот брод по несреќата.
XS
SM
MD
LG