Достапни линкови

Светска банка ги намали проекциите за глобалниот економски раст


Светска банка предвидува глобален економски застој поради рецесијата во Европа и послабиот раст во земјите во развој. Во својот годишен извештај за 2012 година, банката вели дека како резултат на овие фактори, таа значително ги намалила своите предвидувања за растот во развиените и сиромашните земји.
Според Светска банка, глобалната економија годинава ќе има раст од 2,5 проценти, а идната година 3,1 насто, што е помалку од прогнозата објавена во јуни минатата година, дека светскиот економски раст во двете години ќе изнесува 3,6 проценти.
XS
SM
MD
LG