Достапни линкови

Обама: насилството во Сирија неприфатливо


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека насилството што се случува во Сирија е неприфатливо и уште еднаш го повика претседателот на таа земја Башар ал Асад да ја напушти власта. За жал и натаму гледаме неприфатливо ниво на насилство во Сирија, рече Обама пред средбата со јорданскиот крал Абдула втори во Белата Куќа.
Тој истакна дека Вашингтон и натаму ќе биде во блиски контакти со Јордан за да се создадат меѓународен притисок и атмосфера кои би го натерале сирискиот режим да се повлече и во таа земја да може да се одвиваат демократските процеси.
XS
SM
MD
LG