Достапни линкови

Индија ќе продолжи да купува нафта од Иран


Индија објави дека и натаму ќе купува нафта од Иран и покрај интензивирањето на американската кампања за ограничување на купувањето нафта од таа земја поради нејзината спорна нуклеарна програма. Ги прифаќаме само санкциите што ги изгласаа Обединетите Нации, изјави индискиот министер за надворешни работи Рајан Матхаи.
По Саудиска Арабија, Иран е вториот најголем снабдувач на Индија со нафта. Индискиот увоз на иранска нафта се проценува на 12 милијарди долари годишно.
XS
SM
MD
LG