Достапни линкови

logo-print

Нимиц - нашите дискусии беа корисни


Во писмената изјава на Метју Нимиц проследена од ОН по средбите кои во Њујорк вчера и денеска ги одржа преговарачот во македонско - грчкиот спор околу името со преговарачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се вели:

"На мое барање се сретнав со секој од претставниците посебно во повеќе наврати. Двете страни ги презентираа моменталните позиции за прашањето за името на своите влади. Нашите дискусии беа корисни и фокусирани на изнаоѓање оптимална можност за придвижување на процесот напред на конструктивен начин. Ми беа дадени цврсти уверувања дека секоја Влада е искрена во нејзиниот интерес за изнаоѓање решение и дека тие целосно го почитуваат процесот во рамки на Обединети нации",

Во писмената изјава од Нимиц дистрибуирана од прес службата на ОН натаму се наведува:

"Имајќи ги предвид овие залагања ќе се консултирам во иднина со двајцата претставници во врска со подготовка на посета на главните градови на двете земји за продолжување на дискусиите. Како што се придвижуваме напред, побарав од страните да ја покажат нивната посветеност за надминување на разликите со промовирање позитивна атмосфера преку нивните активности и јавни изјави".
XS
SM
MD
LG