Достапни линкови

Грците повторно штрајкуваат


Архивска фотографија: Грчки специјалци обезбедуваат протест.

Архивска фотографија: Грчки специјалци обезбедуваат протест.

Околу 10.000 луѓе учествуваа во денешните штрајкови и протести во Атина поради владините реформи и мерки за штедење. Полицијата соопшти дека еден цивилен службеник од одделението за борба со тероризмот е сериозно повреден откако бил нападнат од група од околу 30 демонстранти, кои му го одзеле и оружјето.

Штрајкови повторно се организраат во знак на протест поради владините реформи и мерки за штедење, чие спроведување е услов за исплата на нови кредити од страна на ЕУ и Меѓунарниот монетарен фонд кои и се неопходни на Грција за излез од должничката криза и избегнување на банкрот.

Во 24-часовен штрајк денеска стапија пристанишните и транспортните работници, лекарите во јавните здравствени установи, како и вработените во училиштата, факултетите и банките. Од денеска почна и 48-часовен штрајк на новинарите во државните и во приватните медиуми. Адвокатите исто така стапија 48-часовен штрајк.
XS
SM
MD
LG