Достапни линкови

Википедиа се гаси на 24 часа во знак на протест


Википедиа утре ќе ја исклучи својата интернет страна на англиски јазик на 24 часа почнувајќи од 6 часот изутрина во знак на протест против новиот американски закон за спречување на интернет пиратерија, за кој тврди дека може да ја ограничи слободата на интернет.

Големите интернет компании сметаат дека предложениот закон ќе и даде преголема слобода на владата да става ограничување на интернет-страниците без да помине низ судскиот систем.

Белата куќа соопшти дека нема да поддржи закон „со кој се намалува слободата на изразување, се зголемува ризикот од сајбер-напади или се поткопува динамичната, иновативна глобална мрежа“ и најави дека ќе организира конференција со противниците на законот.
XS
SM
MD
LG