Достапни линкови

logo-print

Сметките за парно се високи поради порамнување, поскапувањето следува


Новите повисоки сметки за топлинска енергија не се должат на последното одобрено зголемување на цената на топлинската енергија, туку се резултат на вообичаеното читање на калориметрите на крајот на годината и порамнување на потрошеното и платеното, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.

Тој им препорачува на граѓаните да ги платат сметките за потрошена топлинска енергија, без разлика што се многу повисоки од вообичаените.

„Со повисоките сметки од читањето на калориметрите доаѓа до израз исклучувањето на корисниците во зградите од системот за греење и преземањето на обврската од оние кои останале да ја платат вкупната топлинска енергија што се потрошила во зградата“, рече Петров и додаде дека новата цена на парното стапува на сила од 1 јануари 2012 година, со јануарските сметки.
XS
SM
MD
LG