Достапни линкови

Судот во Стразбур забрани депортирање радикален свештеник во Јордан


Екстремистичкиот исламски свештеник Абу Катада.

Екстремистичкиот исламски свештеник Абу Катада.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека екстремистичкиот исламски свештеник Абу Катада не може да биде депортиран од Велика Британија во Јордан, каде што се соочува со обвиненија за тероризам. Според судот, тој не може да биде депортиран поради ризикот, на судењето против него да се користат докази добиени преку тортура.

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Мај рече дека е разочарана од одлуката и изјави дека владата ќе ја разгледа можноста за жалба.

Палестинско-јорданскиот државјанин Абу Катада, чие вистинско име е Омар Отман, е еден од највлијателните исламски свештеници во Европа. Британските власти го обвинуваат за советување терористи и за собирање пари за тероризам. Тој дојде во Велика Британија во 1993 година. Никогаш не бил изведен пред суд, но беше приведуван во полиција и беше под полициски надзор.
XS
SM
MD
LG