Достапни линкови

ЕК отвори три прекршочни постапки против Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската комисија отвори три прекршочни постапки против Унгарија, поради донесувањето закони, кои како што се наведува, ја нарушуваат независноста на Централната банка и на судството, како и на заштита на податоците. Во т.н. прекршочна постапка, Комисијата официјално бара промени во националните унгарски закони. Ако Унгарија ги игнорира барањата, може да се соочи со тужба пред Европскиот суд на правдата и да плаќа казни.

Владата на козервативниот премиер Виктор Орбан е на удар на силни меѓународни критики за загрозување на слободата на медиумите, судството и Централната банка уште од кога дојде на власт во 2010 година.
XS
SM
MD
LG