Достапни линкови

Доцни исплатата за прилепските социјалци


Фердита Алиоска, социјален случај од Прилеп.
Фердита Алиоска, социјален случај од Прилеп.

Корисниците на социјална помош од Прилеп неколку месеци не примиле пари. Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа потврдуваат дека паричниот надоместок за социјална помош доцни, зашто во октомври се обновувала евиденцијата.

Фатмира Асаноска е самохрана мајка на едно малолетно дете. Живее во мизерни услови во населбата Тризла, прибарана во трошната куќа на својата мајка. Пари нема, работа нема, а еве веќе трет месец не примила социјална помош. За да преживее и таа и детето, собира отпадоци од храна по кантите, без избор и можност за подобра иднина.
По кантите одам, собирам шишиња, правам. Ако одиш по кантите велат-Ќе ти ги скратиме парите, од кај ќе најдам јас, кирија плаќам и јас, кај мајка ми живеев, ми викаа-парите ќе ти ги скратиме, ако живееш кај мајка ти.
Фатмира Асаноска, самохрана мајка од Прилеп.

„По кантите одам, собирам шишиња, правам. Ако одиш по кантите велат - Ќе ти ги скратиме парите, од кај ќе најдам јас, кирија плаќам и јас, кај мајка ми живеев, ми викаа - парите ќе ти ги скратиме, ако живееш кај мајка ти. Живеев во една искршена куќа, сега кај мајка ми си отидов, кај да живеам јас во дожд, во вода, да си го умрам детето“, се жали Асаноска.

И нејзината сосетка од истата населба, Фердита Алиоска се бори за егзистенција. Со 6 малолетни деца, без родители, без заштита и помош, вели едвај преживуваат. Со денови седат гладни, смрзнати од студ, без топла облека,а сега и без
Фатмира Асаноска
Фатмира Асаноска
социјална заштита.

„Не запустија, умревме дома за глад, со толку деца. Дали е држава ова? Ова не е држава, најдоа од едни бедни, од едни Роми што користат социјално, да кинат, да си ја прават како што треба Нова Година. Ние од каде? Да дојдиш, да видиш јас како живеам, со 2.600 денари живеам, а 6 деца имам“, вели Алиоска.

Не запустија, умревме дома за глад, со толку деца. Дали е држава ова? Ова не е држава, најдоа од едни бедни, од едни Роми да користат социјално.
Фердита Алиоска, корисник на социјална помош.
Во Прилеп се евидентирани околу 2.900 семејства корисници на социјална помош. Најголем број од нив живеат во населбата Тризла, населена со преку 8.000 Роми. Тие живеат во екстремно тешки социјални услови.

„Гревота е ова што го прави државата, срамота е толку Роми овде во Прилеп, да страдаме за леб.“

„Да земеме и ние некој денар, да можеме да си ја поминеме, како и секој што си ја прослави Нова Година.“

Овие луѓе молат за помош, за да преживеат. Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа потврдуваат дека паричниот надоместок за социјална помош доцни, зашто во октомври се обновуваше евиденцијата.

„При обновата се врши каснење на исплатата, независно, значи менливи се датумите на обнова. Кога и да е обновата се случува исто. Тоа е техничка работа, затоа што станува збор, за поголем број корисници“, велат од Центарот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG