Достапни линкови

Партијата на Назарбаев убедливо победи на парламентарните избори во Казахстан


Претседателот на Казахстан Нурслултан Назарбаев на партиски форум на неговата партија Нур Отан во Астана.

Претседателот на Казахстан Нурслултан Назарбаев на партиски форум на неговата партија Нур Отан во Астана.

Владејачката партија во Казахстан на претседателот Нурслултан Назарбаев освои огромно мнозинство на парламентарните избори што се одржаа во неделата, покажуваат официјалните резултати што беа објавени денеска. Владејачката партија Нур Отан освоила 81 отсто од гласовите и добива 83 пратеници во 107-члениот парламент.

Во парламентот влегоа и уште две провладини партии кои освоија повеќе од 7 отсто од гласовите, колку што е законскиот лимит. Партијата Ак Зои освои 7,47 отсто од гласовите и доби 8 пратеници, а Комунистичката народна партија освои 7, 19 отсто од гласовите, односно 7 пратенички места.

Опозициската Сенародна социјалдемократска партија, која тврди дека резултатите се лажирани, освои само 1,68 отсто од гласовите и не успеа да влезе во парламентот.

Набљудувачите од ОБСЕ соопштија дека изборите не ги исполниле основните демократски стандарди.

Околу 200 опозициски активисти денеска протестираа против наводната изборна измама во вториот по големина град Алма Ата. Полицијата дозволи мирно одржување на протестот.
XS
SM
MD
LG