Достапни линкови

Судење против познат шпански судија и активист за човекови права


Судијата Балтазар Гарсон.

Судијата Балтазар Гарсон.

Шпанскиот судија Балтазар Гарсон, кој стана познат по тоа што распиша меѓународна потерница по поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче поради обвиненија за убиство и тортура на шпански државјани, денеска ќе биде изведен на судење пред Врховниот суд во Мадрид. Тој е обвинет за пречекорување на овластувањата поради тоа што наредил прислушкување на на разговорите меѓу осомничени за корупција и нивните адвокати во 2009 година.

Ако биде осуден, 56-годишниот Гарсон се соочува со забрана за вршење правничка професија 17 години.

Неговите поддржувачи и активистите за човекови права сметаат дека Гарсон е жртва на лов на вештерки бидејќи се обиде да ги истражи кршењата на човековите права за време на владеењето на диктаторот Франциско Франко со Шпанија од 1939 до 1975 година.

Наредната недела, Гарсон се соочува со ново судење за незаконско работење затоа што спроведувал истрага за злосторства за време на Шпанската граѓанска војна(1936-1939 година), кои биле опфатени со амнестија.
XS
SM
MD
LG