Достапни линкови

Скендербег за „мир во куќа“


Дигитален приказ на планот за плоштадот Скендербег во старата скопска Чаршија.
Дигитален приказ на планот за плоштадот Скендербег во старата скопска Чаршија.

Плоштадот Скендербег е пандан на Скопје 2014 или понижување за Албанците? Експертите велат дека Скендербег дополнително ќе ги заостри меѓуетничките односи, а граѓаните велат дека спомениците се одвишни.

За Албанците во Македонија, проектот Скопје 2014 е шамар, додека плоштадот Скендербег, пак, нивна утеха. На ваков начин интелектуалци и активисти во невладините организации за меѓуетничка толеранција ги опишуваат актуелните градежни проекти на владата од двете страни на Вардар.
Ако погледнете еве кој е размерот од финансиска гледна точка на тоа колку досега чини Скопје 2014-та, некои велат дека достигнува вртоглави суми од 300-400 милиони евра, а ова чини некаде околу 2, 3, 4 милиони евра, гледаме дека до некаде е дури и понижувачка позицијата во која се ставаат Албанците.
Џабир Дерала, Цивил.

Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека поставувањето камен темелник на плоштадот Скендербег е во функција на задоволување на одредени етнички и политички апетити, поставувајќи на тој начин некаков баланс на Скопје 2014.

„Ако погледнете еве кој е размерот од финансиска гледна точка на тоа колку досега чини Скопје 2014-та, некои велат дека достигнува вртоглави суми од 300-400 милиони евра, а ова чини некаде околу 2, 3, 4 милиони евра, гледаме дека до некаде е дури и понижувачка позицијата во која се ставаат Албанците.“

Според Дерала, ваквите проекти и условната поделба на албански и македонски дел на главниот град,
Дигитален приказ на плоштадот Скендербег во близина на скопската Турска чаршија
Дигитален приказ на плоштадот Скендербег во близина на скопската Турска чаршија
дополнително ќе го продлабочи јазот меѓу етничките заедници и ќе создаде натамошни меѓуетнички тензии.

„Меѓуетничките односи се влошуваат на институционални нивоа, дискриминацијата, омразата, тензиите се генерираат токму на институционални нивоа и вие ништо друго не можете да очекувате од вакви владини проекти.“

Поделбата е очигледна, значи владата, односно македонските партии си прават свои обележја, албанските партии -свои
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.
Градењето на Скендербег е компензација за „мир во куќа“, велат од Центарот за меѓуетничка толеранција. По она што се направи од десната страна на Вардар, беше очекувано дека албанскиот коалиционен партнер ќе бара простор на кој повторно ќе оживее албанската историја.

„Поделбата е очигледна, значи владата, односно македонските партии, си прават свои обележја, албанските партии - свои“, вели
Воин на коњ, дел од проектот Скопје 2014
Воин на коњ, дел од проектот Скопје 2014
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

На прашањето дали ваквите проекти на владата ги зближуваат или оддалечуваат Македонците и Албанците во земјава, граѓаните со различни одговори. На некои од нив им пречи изградбата на плоштадот Скендербег. Други, пак, сметаат дека проектите се можност да се научи
Не знам колку ги зближува, но тие проекти се одвишни и од наша страна и од нивна.
Анкетиран граѓанин.

повеќе за културата и историјата на своите сограѓани.

„Ми смета, едноставно ми смета. Ни тоа, ни тоа, а нормално е тоа што и они си бараат.“

„Не знам колку ги зближува, но тие проекти се одвишни и од наша страна и од нивна.“

„Ако можат да живеат заедно луѓето, не ми е проблем.“

„Револт затоа што ние сме повеќе Македонци, не сме малцинство.“

Инаку плоштадот Скендербег ќе се простира од стоковната куќа Илинден преку дел од Старата Скопска чаршија, па се до МНТ и Даут-пашиниот Амам. На средината од плоштадот е предвидено да стои само споменикот на Скендербег.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити во неколку наврати изјавуваше дека проектот не е пандан на Скопје 2014, дотолку повеќе што на него не се предвидени споменици. Проектот, според Меџити, има за цел да го отвори влезот на Старата скопска чаршија како култно место.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG