Достапни линкови

Средбите во Њујорк корисни, разговорите продолжуваат


Архивска фотографија: Средба на медијаторот Метју Нимиц и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, 2010 година.

Архивска фотографија: Средба на медијаторот Метју Нимиц и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, 2010 година.

Средбите во Њујорк корисни, разговорите продолжуваат, наведува преговарачот на ОН Метју Нимиц во писмено соопштение по разговорите со амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк.

Во писмената изјава на Метју Нимиц проследена од ОН по средбите кои во Њујорк вчера и денеска ги одржа преговарачот во македонско - грчкиот спор околу името со преговарачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се вели:
Медијаторот Метју Нимиц во Скопје во февруари 2010 година.

Медијаторот Метју Нимиц во Скопје во февруари 2010 година.


Нашите дискусии беа корисни и фокусирани на изнаоѓање оптимална можност за придвижување на процесот напред на конструктивен начин. Ми беа дадени цврсти уверувања дека секоја Влада е искрена во нејзиниот интерес за изнаоѓање решение.
„На мое барање се сретнав со секој од претставниците одделно во повеќе наврати. Двете страни ги презентираа моменталните позиции за прашањето за името на своите влади. Нашите дискусии беа корисни и фокусирани на изнаоѓање оптимална можност за придвижување на процесот напред на конструктивен начин. Ми беа дадени цврсти уверувања дека секоја Влада е искрена во нејзиниот интерес за изнаоѓање решение и дека тие целосно го почитуваат процесот во рамки на Обединети нации.“

Во писмената изјава од Нимиц дистрибуирана од прес-службата на ОН натаму се наведува:

„Имајќи ги предвид овие залагања, ќе се консултирам во иднина со двајцата претставници во врска со подготовка на посета на главните градови на двете земји за продолжување на дискусиите. Како што се придвижуваме напред, побарав од страните да ја покажат нивната посветеност за надминување на разликите со промовирање позитивна атмосфера преку нивните активности и јавни изјави.“
Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц во Скопје во февруари 2010 година.

Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц во Скопје во февруари 2010 година.


Македонските власти инаку претходно демантираа дека на отпочнатите разговори во Њујорк меѓу медијаторот Нимиц со претставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на маса се ставени какви и да се предлози како што претходно се шпекулираше.
Не станува збор за конкретен предлог кој е ставен на маса во разговорите што се водат во Њујорк.

Не станува збор за конкретен предлог кој е ставен на маса во разговорите што се водат во Њујорк, велат од македонското МНР.

Амбасадорот Јолевски по вчерашната средба не даде изјава за медиумите, но според неговите најави имаше за цел во својот настап на Нимиц да му го пренесе ставот дека Македонија останува конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање решение кое нема да задира во националниот идентитет и достоинство.
Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц


Претседателот Иванов вчера изјави дека нашиот претставник ги добил сите потребни инструкции од државниот врв од чија содржина на јавноста и го пренесе ставот дека Македонија
Грција учествува во процесот со конструктивни позициии истото го очекува од Владата во Скопје. Она што е потребно е политичка волја од двете страни на што Атина е подготвена.
останува конструктивна и доследна во процесот.

Изјава по средбата во Њујорк синоќа даде грчкиот амбасадор Василакис и во неа тој, како што пренесуваат грчките медиуми, изјавил оти разговорите биле корисни и дека Грција ги поддржува напорите на Нимиц за активирање на процесот што се води под покровителство на ОН.

Грција учествува во процесот со конструктивни позициии истото го очекува од Владата во Скопје. Она што е потребно е политичка волја од двете страни на што Атина е подготвена, изјавил Василакис кој при тоа рекол и дека меѓусебните обвинувања не се во интерес на ниту една страна и не даваат придонес во процесот. Негирајќи дека станало збор за пресудата од Хаг и нејзиното влијание врз преговарачкиот процес, Василакис ги информирал медиумите и дека заклучок којшто произлегол од средбата со медијаторот е дека двете страни мора да останат посветени на процесот.

Преговорите под покровителство на медијаторот се одржуваат по речиси едногодишна пауза. Целта на средбите, како што претходно соопштија од канцеларијата на медијаторот е да се најде заеднички прифатлив пристап со цел да им се даде нов импулс на разговорите за решавање на спорот за името.
XS
SM
MD
LG