Достапни линкови

Иран бара од ЕУ да не му воведува ембарго за нафтата


Техеран денеска ги повика земјите членки на Европската Унија да ги имаат предвид сопствените национални интереси и да не подлегнуваат на американскиот притисок за воведување ембарго за увоз на нафта од Иран. За ова прашање, Европската Унија ќе решава на состанокот закажан за 23-ти овој месец. Западните земји со ембаргото за нафта против Иран сакаат да извршат дополнителен притисок врз Техеран да се откаже од нуклеарните амбиции.
XS
SM
MD
LG