Достапни линкови

logo-print

За прв пат во Кина повеќе граѓани од селани


Кина има повеќе жители во градовите отколку во селата, за прв пат во историјата. Според податоците на кинеското национално биро за статистика, на крајот од 2011-та во кинеските градови живеат 51,27 насто од вкупното население кое брои милијарда и 340 милиони. Брзиот економски раст во Кина придонесе голем број кинези да се населуваат во градовите, каде што полесно доаѓаат до подобро платена работа. Кинеската економија во минатата година пораснала за 9,2 насто.
XS
SM
MD
LG