Достапни линкови

Нимиц се сретна со Јолевски и Василакис, денеска нови средби


Метју Нимиц

Метју Нимиц

Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц синоќа во Њујорк одржа одвоени средби со преговарачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Како што јавува дописникот на телевизија Канал 5, Василакис по средбата не открил дали Нимиц пред него изложил нов пакет идеи или нов предлог, ниту сакал да говори за она што во последниве неколку недели во дипломатските кругови се именува како нов прозорец на можности. Грчкиот преговарач рекол дека пресудата од Хаг не била спомната во разговорите, затоа што таа ниту пречи, ниту пак на некаков начин е поврзана со преговорите. Според Василакис и судот во Хаг го потврдил овој грчки став, кога двете страни ги повикал да го продолжат процесот на преговори.
Засега нема детали и од средбата на амбасадорот Јолевски со Нимиц, која се случила претходно во текот на вчерашниот ден. Неофицијално, Јолевски му го пренесол на Нимиц ставот дека Македонија останува целосно во преговорите кои ќе бидат успешни само доколку решението не задира во македонскиот идентитет и правото на именување како македонски и Македонци.
Според најавите, медијаторот денеска повторно ќе се сретне со двајцата преговарачи.
XS
SM
MD
LG