Достапни линкови

Иран изврши неколку апсења за убиството на нуклеарниот научник


Автомобилот што го возел убиениот научник Мостафа Ахмади Рошан.

Автомобилот што го возел убиениот научник Мостафа Ахмади Рошан.

Иран уапсил неколку луѓе минатата недела поради убиството на иранскиот нуклеарен научник, изјави парламентарниот спикер Али Лариџани. Тој рече дека осомничените се испитуваат и оти истрагата се уште трае. Лариџани не кажа колку луѓе се уапсени или каде, ниту, пак, даде детали за националноста на осомничените.

Научникот Мостафа Ахмади Рошан беше убиен минатата среда, кога напаѓачите прикачиле бомба на неговиот автомобил.

Иран ги обвини САД, Велика Британија и Израел за убиството. САД негира вклученост во убиството, Лондон го осуди убивањето цивили, а Израел јавно не го осуди убиството.
XS
SM
MD
LG