Достапни линкови

Косово ќе добие армија до крајот на годинава


Министерот за косовските безбедносни сили Агим Чеку.

Министерот за косовските безбедносни сили Агим Чеку.

Приштинските власти очекуваат до крајот на годината постоечките Косовски безбедносни сили да станат војска на Косово, изјави министерот за косовските безбедносни сили Агим Чеку. Во март следната година новата војска би требало да добие оперативни капацитети.

Косовски безбедносни сили имаат за цел да станат членка на Јадранската повелба и другите регионални иницијативи за безбедност.

Косовски безбедносни сили настанаа од Косовскиот заштитен корпус. Претходно, Ослободителната војска на Косово кон крајот на летото 1999 година се трансформираше во Косовскиот заштитен корпус.
XS
SM
MD
LG