Достапни линкови

Хантсман се откажа од трката за републикански претседателски кандидат


Џон Хантсман.

Џон Хантсман.

Поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хантсман објави дека се повлекува од трката за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори што треба да се одржат во ноември. Тој ја поддржа кандидатурата на моменталниот фаворит, поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни.

Хантсман, кој беше и гувернер на сојзуната држава Јута, заврши трет на минатонеделното гласање во Њу Хемпшир и според анкетите, заостанува зад фаворитите на национално ниво.

Следниот круг премлиминарно гласање за кандидат на Републиканската партија што треба да му се спротивстави на претседателот Барак Обама треба да се одржи во Јужна Каролина на 21 јануари и во Флорида 10 дена подоцна.
XS
SM
MD
LG