Достапни линкови

Ахмети - Застојот во евроинтеграциите може да предизвика меѓуетнички тензии


Претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Политичката ситуација во земјава пред самитот на НАТО што ќе се оддржи во Чикаго во мај годинава, беше главна тема на работниот ручек меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и британскиот амбасадор Кристофер Ивон што на иницијатива на Ивон се одржа во резиденцијата на Британскиот амбасадор во Скопје, информира кабинетот на Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече дека ако се одолговлечи процесот на евроинтеграции ќе има економски последици, но оти не може да се исклучат и тензии на меѓуетнички план и провокации од групи кои што не и мислат добро на Македонија и на регионот, соопштуваат од ДУИ.

Британскиот амбасадор ја нагласил поддршката на неговата земја за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и потребата од продолжување на преговорачкиот процес помеѓу Македонија и Грција со надеж дека Македонија ќе стане дел од агендата на самитот на НАТО во Чикаго.
XS
SM
MD
LG