Достапни линкови

ЕУ ги осуди протестите на Самоопределување во Косово


Европската унија ги осуди протестите на радикалните косовски Албанци викендов кои се обидуваа да спречат премин на српски стоки преку границата. Порптаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, Мајкл Ман, рече дека демонстрациите биле „целосно неоправдани“, зашто се противат на нешто што е фундаментална слобода во ЕУ, а тоа е слободата на проток на стоки. На протестите што ги организираше косовската партија Самоопределување беа повредени 50 луѓе, меѓу кои 31 полицајци. Партијата бара прекинување на сите контакти со Србија.
XS
SM
MD
LG