Достапни линкови

Иванов - Македонија е конструктивна, Грција незаинтересирана


Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Македонија е конструктивна во процесот за изнаоѓање решение за прашањето за името, а тоа го очекува и од Грција, изјави претседателот Ѓорге Иванов во пресрет на новата рунда разговори на посредникот на ОН Метју Нимиц со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адаматиос Василакис.

Иванов вели дека иако во јавноста можеби се создава поинаква перцепција за разговорите поради подолгиот застој, процесот треба да се гледа во целина.

„Веќе две децении се одвива тоа и секогаш ние сме тие кои инциираме, секогаш да се дојде до решение затоа што тоа нам ни треба. Другата страна не е толку заинтересирана да се дојде решение поради нивната актуелна состојба“, изјави претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG