Достапни линкови

logo-print

Подмладокот на партиите ги собра коментарите


Најмногу коментри оваа недела привлекоа он-лајн колумните на претседателите на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Дека сме исполитизирано и партиски поделено општество - знаеме. Дека партиите секојдневно се караат преку своите репрезенти, било пратеници, било портпароли, па и луѓето од врвот на партиите - и тоа го знаеме. Ама дека и младината ни е толку поделена по таа линија - изгледа сите избегнуваме да го прифатиме како факт. А тој си постои.
ВМРО-ДПМНЕ нема ниту визија, ниту аргумент, туку само машинерија. Истиот слушател забележува дека коментарите на оние од спротивната партија не се однесуваат на темата во колумната - Портата и говорот на премиерот.

Во младинската он-лајн колумна што неодамна ја воведе редакцијата на македонски јазик на Радио Слободна Европа повторно своите ставови ги напишаа претседателите на Социјалдемократската младина на Македонија и на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Давитковски и Диме Спасов. Коментарите што сте ги испратиле вие, почитувани, речиси ги рушат рекордите на оние испратени по повод некои наши прилози и интервјуа со политичари и за теми, како за хомосексуалноста, на пример.

Текстот на Давитковски инспириран Порта Македонија

Порта Македонија

од свеченото пуштање на Порта Македонија и од говорот на премиерот на тој чин на Бадник отворил вистинска дебата на нашата веб-страница. Димитар ги набројува заслугите на Бранко Црвенковски и на СДСМ за Македонија, наведувајќи дека веќе и поголемиот дел од јавноста повеќе не потклекнува на вмровските тези „Бранко е крив“ и
Колосекот на СДСМ, фала му на Бога, заврши. Македонскиот народ уште сто пати ќе се изјасни дека му се доста атентати, војни, мафијашки приватизации, куфери грчки пари за наши политичари. Ни треба опозиција и алтернатива, да, ама ако стане сериозна и конструктивна партија и конечно да затвори со минатото.
дека под политика не се подразбираат само избори, туку и резултати и одговорност.

Димитар смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту визија, ниту аргумент, туку само машинерија. Истиот слушател забележува дека коментарите на оние од спротивната партија не се однесуваат на темата во колумната - Портата и говорот на премиерот, што, според него, јасно покажува дека лидерот на младите социјалдемократи ја погодил целта.

Слушател, меѓутоа, потпишан со МКД пишува: „Колосекот на СДСМ, фала му на Бога, заврши. Македонскиот народ уште сто пати ќе се изјасни дека му се доста атентати, војни, мафијашки приватизации, куфери грчки пари за наши политичари. Ни треба опозиција и алтернатива, да, ама ако стане сериозна и конструктивна партија и конечно да затвори со минатото“.

Маја, пак, извикува дека никогаш не сме биле поблиску до Северна Кореја од денес со ова власт.

Текстот „За вредностите и патоказите“, од Спасов го предизвикал Димитар да праша за кои демохристијански вредности пишува лидерот на младите вмровци.

„Го осиромашија народот, згасна млад човечки живот, владеат со уцени и заплашувања“, пишува тој, а Ања го повикува Господа да ја чува црквата од ваквите демохристијани, па додава: „Ви се гледа христијанската скромност во милионите фрлени на споменици, во испечените волови на вашиот градоначалник во строг пост и во мини сукњите на вашите ,ескорт, интелектуалки“.

Јанакиев Никола од Перт, Австралија, кој очигледно долго памети, го бендисува текстот на Спасов, а за пишувањето на Давитковски вели дека го потсетувал на некој претседател на СКОЈ од комунистичкото време.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG