Достапни линкови

logo-print

Богов - Падот на еврото во однос на доларот нема да се одрази на денарот


Гувернерот Димитар Богов.

Гувернерот Димитар Богов.

Падот на еврото во однос на доларот нема да се одрази на денарот, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов. Тој рече дека денарот е стабилен и оти соодносот денар - евро ќе остане стабилен.

„Нема простор за загриженост. Соодносот долар - евро постојатно е подложен на промена меѓутоа не ги засега граѓаните на Македонија. Последните 10 години иако еврото ја зголеми вредноста за 50 проценти во однос на доларот, тоа не значеше ништо за македонските граѓани, односно никој не се почувствува за толку побогат, така што и сега ако оди во обратна насока ние нема да се почувствуваме посиромашни“, рече гувернерот Димитар Богов.
XS
SM
MD
LG