Достапни линкови

Санино - Стратегиска ориентација на ЕУ е брза интеграција на Македонија


Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Стефано Санино и вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи на прес-конференција во Скопје.

Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Стефано Санино и вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи на прес-конференција во Скопје.

Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Стефано Санино изјави дека стратешка ориентација и на Европската унија е што е можна побрза и целосна интеграција на Македонија во Унијата.

„Се надеваме дека во 2012 година ќе завршиме што е можно повеќе работи, да затвориме што е можно повеќе прашања на дневниот ред, се со цел да обезбедиме што е можно побрзо пристапување на Република Македонија кон Европската унија“, рече Санино по средбата со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

Тој посочи дека се надева дека ќе се постигне поголем прогрес во однос на интеграцијата на Македонија во ЕУ оваа година.

Санино претходно се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG