Достапни линкови

Медведев ги враќа изборите за регионални гувернери


Рускиот претседател Дмитри Медведев.

Рускиот претседател Дмитри Медведев.

Рускиот претседател Дмитри Медведев до парламентот поднесе предлог-закон со кој се враќа гласањето на непосредни избори за регионални гувернери. Изборите беа укинати во 2004 година од претходникот на Медведев, сегашниот премиер Владимир Путин, кој започна да ги именува регионалните гувернери.

Според предлогот, доставен до Долниот дом на државната Дума, регистрираните партии, сепак, ќе треба да се консултираат со Претседателот пред официјално да ги предложат кандидатите.

Овој закон е дел од реформите што Медведев ги вети по масовните протести до кои дојде поради незадоволстото од начинот на спроведување на минатомесечните избори.
XS
SM
MD
LG