Достапни линкови

logo-print

Попоски - Да се одржи кредибилитетот на проширувањето на ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со генералниот директор за проширување на ЕУ Стефано Санино, кој е во дводневна посета на Македонија.

На средбата, како што соопшти МНР, Попоски ја нагласи потребата од одржување на кредибилитетот на процесот на проширување со оглед на фактот дека Македонија не доби датум за почеток на пристапни преговори и покрај тоа што трета година по ред добива препорака од Европската комисија.

„Ова, заедно со избегнувањето на употребата на придавката „македонски“, доведе до значителен пад на довербата во европските институции кај македонската јавност(според последното истражување на Евробарометар)“, се вели во соопштението.

Министерот Попоски се заложил за почитување на принципите на меѓународното право и ја повторил посветеноста на Македонија за решавање на спорот за името со Грција преку активно учество на преговорите кои се водат во Њујорк со помош на медијаторот Нимиц, а под покровителство на ОН.

Генералниот директор Санино ја нагласил потребата од приоритетизација и проактивен однос на Македонија во кластерот Владеење на правото(судство, слобода на медиуми, борба против корупција) и реформа на јавната администрација.
XS
SM
MD
LG