Достапни линкови

Тигарот Спасов осуден на 14 години затвор


Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, септември, 2011.

Протест против полициска бруталност организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар, септември, 2011.

Игор Спaсов доби 14 години затвор за убиство со умисла. Семејството Нешкоски е незадоволно и од пресудата и од Обвинителството. Бара и командна одговорност.

Специјалецот Игор Спасов денеска е осуден на 14 години затвор за убиството на младиот Мартин Нешкоски вечерта на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот Македонија во Скопје. Кривичниот Суд го осуди Спасов за убиство со умисла.
Јас како мајка сум најголемиот виновник зошто побарав да се земат алиштата, од мојот син да се најдат алиштата, нема ништо. Како куче не третираат. Срамота ова што го прават. Ова вака ли ќе биде држава?. За кого гласавме? За кого се боревме? За кого работевме? Вака ли, значи треба да убивам, за да бидам човек, срамота, срамота“, вели мајката на Мартин.

За судот, мотивацијата потекнува од психолошките карактеристики на Спасов кои беа утврдени со психијатриското вештачење.
Според вештачењето, бегањето на Нешкоски било иницијална каписла за Спасов, кој бил агресивен и не можел да дозволи некој да не го почитува и да му бега, па почнал да го брка, а потоа и да го тепа младиот Мартин, при што му нанел тешки телесни повреди од кои момчето умрело.

Семејството Нешкоски е незадоволно и од пресудата и од обвинителството. Во судот ја побараа облеката на нивниот син.

„Јас како мајка сум најголемиот виновник зошто побарав да се земат алиштата, од мојот син да се најдат алиштата, нема ништо. Како куче не третираат. Срамота ова што го прават. Ова вака ли ќе биде држава? За кого гласавме? За кого се боревме? За кого работевме? Вака ли, значи треба да убивам за Протести против полициска бруталност, јуни 2011

Протести против полициска бруталност, јуни 2011

да бидам човек, срамота, срамота“, вели мајката на Мартин, Ленка Нешкоска.

Братот на Мартин, Александар, додаде:

„Ова е срам за државата, значи убиваат деца, буквално деца, што не преставуваат никаква опасност за државата и се поминува само со некоја минимална казна, командна одговорност треба. Сите, и Суд и
Јасни беа повеќе моменти меѓутоа судот си ги цени доказите и ние имаме право на жалба. Јас и за време на рочиштата барав друго вештачење затоа што вештото лице беше контрадикторно на самото судење, но судот го одби тоа со решение така да тоа сега ќе си биде употребено во постапката.
Обвинителство ја знаат правата вистина и треба да проговорат. Сите докази се уништени, алиштата од Мартин уште не ни се доставени, значи буквално се е уништено.“

Адвокатот на семејството Нешкоски, Сашо Дуковски вели дека нема да застанат тука и ќе бараат одговорност и за другите соучесници.

„Ни една казна не може да врати човечки живот. Ние најверојатно дека ќе го продолжиме кривичното гонење, се со цел да се утврдат евентуално другите ученици во овој немил настан на кој што и самиот обвинет во својот завршен збор ги кажа.“
Протести против полициска бруталност, 10 јуни 2011 година.

Протести против полициска бруталност, 10 јуни 2011 година.


Адвокатот на Спасов, Ване Андреев вели дека обвинетиот доби голема казна.

„Јасни беа повеќе моменти, меѓутоа судот си ги цени доказите и ние имаме право на жалба. Јас и за време на рочиштата барав друго вештачење затоа што вештото лице беше контрадикторно на самото судење, но судот го одби тоа со решение така да тоа сега ќе си биде употребено во постапката.“
Ова е срам за државата, значи убиваат деца, буквално деца, што не преставуваат никаква опасност за државата и се поминува само со некоја минимална казна, командна одговорност треба. Сите, и Суд и Обвинителство ја знаат правата вистина и треба да проговорат. Сите докази се уништени, алиштата од Мартин уште не ни се доставени, значи буквално се е уништено.

Претходно, Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава на семејството Нешкоски поднесена против полицајци, инспектор и вработен во МЕПСО, за помагање во убиство и непријавување на сторител.

Спасов во завршните зборови се изјасни за невин, велејќи:

„Ако сакате обвинет, стојам пред вас, но ако ја сакате вистината не гледајте во мене!“

Спасов на самиот крај од судскиот спор отвори нова дилема, односно дека постои можност друг да му го задал кобниот удар на Мартин од кој подоцна починал.

Во Судницата во изминативе 7 месеци се појавија и низа контроверзни изјави на полицајци и на сведоци, меѓу кои и оние на очевидците кои не можеа со сигурност да кажат дека го виделе Спасов, како го претепува момчето.

Спасов во Судницата за време на сослушувањата на сведоците се појави видно ослабен со брада и коса.

Многу прашања со судскиот процес остана неодговорени, како на пример зошто снимките од камерите на плоштадот не биле на време побарани или дали навистина Мартин претставувал опасност со неговото однесување за ВИП-личностите на прославата.

За судскиот спор, интерес пројавија и политичарите, го користеа за дневнополитички пресметки. Движењето „Стоп на полицска бруталност“ си доби и етикета како опозиски инструментирано движење на кое во еден наврат се појавија и контрапротести.

Речиси еден месец млади луѓе се собираа пред споменикот на Мајка Тереза од каде што низ центарот на Скопје протестираа. На плоштадот Македонија, семејството на Нешкоски и активистите од Движењето „Стоп за полициска бруталност“ организираа протестен марш затоа што се незадоволни од обвинтелството и од судот, односно затоа што одговорност нема да понесат и други лица.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG