Достапни линкови

Нимиц ќе го опипува пулсот


Архивска фотографија: Средба на посредникот Метју Нимиц со македонскиот преговарач Зоран Јолевски и со премиерот Никола Груевски во Скопје на 7 јули 2009 година.

Архивска фотографија: Средба на посредникот Метју Нимиц со македонскиот преговарач Зоран Јолевски и со премиерот Никола Груевски во Скопје на 7 јули 2009 година.

Домашните аналитичари не очекуваат конкретни резултати од средбите на посредникот Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач, Јолевски и Василакис. Нимиц ќе го испитува пулсот на двете страни.

Без очекувања за конкретен резултат, туку само како можност да се испита пулсот на двете засегнати страни. Вака домашните аналитичари ја коментираат претстојната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Сега ќе се проверува атмосферата и политичката волја на двете страни одделно. За суштински преговори дури потоа би се закажала нова рунда преговори во која би се излегло со конкретни позиции.

Сега ќе се проверува политичката волја на страните, по што Нимиц ќе направи прелиминарна проценка на атмосферата во двете држави, вели професор Стево Пендаровски.
Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц во Скопје.

Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц во Скопје.


„Она што можеме да го очекуваме е евентуално потоа Нимиц да закаже средба во полн состав. Сега ќе се проверува атмосферата и политичката волја на двете страни одделно. За суштински преговори дури потоа би се закажала нова рунда преговори во која би се излегло со конкретни позиции.“

Минимален прогрес, но без илузија дека проблемот ќе се реши, очекува професор Етем Азири. Сепак, според него, ваква средба по толку долга пауза е добредојдена.
Тие се уште стојат на таа листа од осум точки кои нас ултимативно ни се презентирани. Значи доколку нешто не прифатиме, нема ни да се дојде до решение.

„Тешко е дека може да се очекува некаков прогрес. Мислам дека е крајно време политичката елита во Македонија малку поинаку да ги постави нештата. Мала провокација може негативно да се рефлектира во натамошните преговори.“

На средбата, аналитичарите не очекуваат отстапки кај ниту една од страните. Упатуваат на потребата од поактивна улога на меѓународниот фактор.

Професор Димитар Мирчев, пак, е на мислење дека средбата не е случајна и дека на истата најверојатно ќе се слушнат нови идеи и конкретни предлози за решение на спорот. Тој очекува средбата да го одмрзне преговарачкиот процес. Изјавите од одредени грчки политичари дека премиерот Никола Груевски е главниот виновник за закочените преговори, за Мирчев се невистинити.

„Сите сигнали се дека не е така. Груевски им понуди разговори на двајцата. И двајцата одбија. Не знам во што би била таа нивна отвореност и очекувања од Груевски. Тие се уште стојат на таа листа од осум точки кои нас ултимативно ни се презентирани. Значи доколку нешто не прифатиме, нема ни да се дојде до решение.“

Клучен елемент за нашиот настап во Њујорк треба да биде позитивната пресуда од Хаг. Аналитичарите советуваат дека македонската позиција мора да ја искористи позитивната одлука и да влезе во отворена дипломатска офанзива како во рамки на преговорите така и кај меѓународниот фактор кој може да влијае на атмосферата на преговорите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG