Достапни линкови

Иран потврди дека прими писмо од САД за Ормузкиот теснец


Иранското министерство за надворешни работи потврди дека примило порака од Соединетите држави вo врска со Ормузкиот теснец, клучна меѓународна нафтена рута на Персискиот залив. Министерството соопшти дека писмото се испитува и оти на него ќе биде одговoрeно доколку оцени дека има потреба од тоа. Во петокот весникот Њујорк тајмс објави дека Вашингтон го предупреди иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи дека блокирањето на стратегискиот премин е црвената линија која може да испровоцира соодветен одговор.
XS
SM
MD
LG