Достапни линкови

Судот треба да донесе пресуда за случајот Нешкоски


Еден од протестите против полициска бруталност

Еден од протестите против полициска бруталност

Денеска треба да биде изречена пресудата за припадникот на специјалните сили Игор Спасов, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, вечерта по изборната победа на ВМРО - ДПМНЕ на градскиот плоштад. На последното рочиште за случајот Нешкоски, Обвинителството побара Спасов да биде осуден за убиство на Мартин Нешкоски. Јавното обвинителство побара од судот да не се земе предвид одбраната на специјалецот Игор Спасов, затоа што доказите и исказите на сведоците укажуваат на убиство со умисла.

Движењето Стоп за полициска бруталност за во 12 часот најави почеток на протестен марш, против не проширување на истрагата и отфрлањето на поднесокот од Обвинителството. Марашот ќе се одвива од Плоштад Македонија до зградата на обвинителство (зграда на ССМ), за потоа да продолжи кон Собранието и заврши на местото каде беше убиен Нешкоски.
XS
SM
MD
LG