Достапни линкови

Вестервеле- Европа да формира своја Агенција за кредитен рејтинг


Вестервеле и државниот секретар на САД, Хилари Клинтон

Вестервеле и државниот секретар на САД, Хилари Клинтон

Време е Европа да формира своја независна Агенција за кредитен рејтинг, предложи германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, при вчерашната посета на Грција.
Неговите коментари доаѓаат на два дена откако Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на девет земји од еврозоната.

Вестервеле изјави дека одлуките на агенциите за рејтинг можат многу да придонесат за предизвикување несигурност на пазарите. Тој изјави дека треба да им се даде шанса на разговорите што ги водат земјите членки на Унијата во насока на справување со кризата, а оценките на агенциите за кредитен рејтинг ги подигаат само сомнежите во успешноста на тие разговори.
XS
SM
MD
LG