Достапни линкови

Капетанот на Коста Конкордија носел „погрешни проценки“


Потонатиот брод

Потонатиот брод

Компанијата сопственик на италијанскиот брод кој заринка на брегот на Италија, при што загинаа најмалку пет лица, го обвини капетенот на бродот за носење „погрешна проценка“ што резултираше со сериозни последици. Во соопштението од компанијата се наведува и дека не биле почитувани стандардните процедури за итни случаи, откако бродот удрил во карпите.

Капетанот на Коста Конкордија е уапсен под обвинение за убиство и напуштање на неговиот брод додека на него се уште имало патници.

Бродот превезувал 4.200 патници и членови на екипажот. При несреќата загинаа 5 луѓе, 60 се повредени, а 15 луѓе се водат за исчезнати.
XS
SM
MD
LG