Достапни линкови

Градење доверба и намалување на тензиите-приоритети на Ирска како преседавач со ОБСЕ


Имон Гилмор заменик-премиер и министер за надворешни работи и трговија на Ирска.

Имон Гилмор заменик-премиер и министер за надворешни работи и трговија на Ирска.

Градење доверба и намалување на тензиите се дел од приритетите на Ирска како нов претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Преземајќи го претседавањето со ОБСЕ, Ирска ја покажува посветеноста во градењето на меѓународниот мир и безбедност во рамките на повелбата на ОН и почитувањето на меѓународното право, вели Имон Гилмор заменик-премиер и министер за надворешни работи и трговија на Ирска.

„ Заедно со сите земји-членки на ОБСЕ ќе работам на градењето консензус околу многуте одлуки кои треба да ја потврдат централната улога на ОБСЕ како гарант за основните слободи. Особено верувам дека граѓаните треба да ги уживаат оние човекови права кои постојат долги години, како слободата на изразување и медиумската слобода, без разлика во каква форма тие се артикулираат“, вели Имон Гилмор.

Тој ќе биде домаќин на Конференцијата за слободата на интернет која ќе се одржи во Ирска во јуни оваа година. Исто така, новиот претседавач има намера да го искористи сопственото искуството во решавање на конфликти и да организира конференција во април на која ќе се претстават аспекти од случајот на Северна Ирска.
XS
SM
MD
LG