Достапни линкови

logo-print

Уште 17 исчезнати од бродот што потона кај Италија


Спасувачите и помагаат на една преживеана жена.

Спасувачите и помагаат на една преживеана жена.

Седумнаесет патници се уште се водат како исчезнати, откако вчера потона луксузниот брод за крстарење Коста Конкордиа во близина на западниот брег на Италија.

Полицијата ја потврди смртта на тројца луѓе.

Повеќе од 4.000 луѓе беа евакуирани со чамците за спасување, а некои пливале до брегот. Меѓу преживеаните е и тричлено македонско семејство, кое веќе се врати во Македонија.

Спасувачите денеска спасија тројца луѓе, што останале во внатрешноста на бродот. Истражителите се уште утврдуваат кои се причините за потонувањето и зошто на 290-метарскиот брод му било дозволено да дојде толку блиску до брегот.

Капетанот на лукзузниот крузер Коста Конкордиа е во притвор. Обвинет е за повеќекратно убиство, предизвикување на бродолом и напуштање на бродот додека се уште имало патници на него.
XS
SM
MD
LG