Достапни линкови

Тричлено семејство од Македонија го преживеа „италијанскиот Титаник“


Потонувањето на бродот Коста Конкордиа на 14 јануари 2012 година.

Потонувањето на бродот Коста Конкордиа на 14 јануари 2012 година.

Тричленото семејство од Македонија кое патуваше со бродот „Коста Конкордија“, што потона кај Италија, е безбедно. Сите се во добра здравствена состојба и денеска попладне ќе се вратат во земјава со посредство на македонската Амбасада во Рим, потврди МНР за МИА.

Луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“ во петокот вечерта се насука во близина на брегот во западна Италија. Причините за несреќата се уште се испитуваат, но се претпоставува дека најверојатно се работи за човечка грешка или за дефект во електронскиот систем кој ги дава параметрите на курсот на бродот. Црните кутии се пронајдени и се предадени на судските органи.

Патниците го обвинуваат екипажот и персоналот на бродот, кој главно бил составен од Азијци, за непрофесионализам.
XS
SM
MD
LG