Достапни линкови

Пекинг се противи на американските санкции за кинеска компанија


Кина ги критикува САД за воведување санкции кон кинеската државна нафтена компанија заради извоз на нафтени деривати во Иран. Вашингтон во четвртокот и забрани на кинеската компанија Жухаи Женронг да води бизнис во САД поради тоа што му продала на Иран бензин во вредност од 500 милиони долари од јули 2010 до јануари 2011 година. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лиу Веимин изјави дека Кина изразува „силно незадоволство и цврсто се противи на ваквата одлука“. Тој вели дека соработката на Кина со Иран е слична како и со другите земји. Претходно, кинеските власти предупредија да не се поврзуваат кинеските трговски односи со Иран и прашањето на нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG