Достапни линкови

Косовец осуден на 45 години затвор во САД за тероризам


Илустрација.

Илустрација.

Косовецот Хисен Шерифи (27) е осуден на 45 години затвор во САД за „планирање терористички напади во странство и врз воената база во Вирџинија, како и давање материјална подршка на терористи“.

Шерифи е по потекло од косовскиот град Гњилане, а имал американско државјанство.

И покрај неговото негирање дека нема никаква поврзанст со терористички групи, судот во октомври минатата година, го прогласи за виновен. Освен на Шерифи, судот им изрекол затворска казна во траење од 32, односно 15 години и на Зијад Јагхи и Мохамед Хасан, кои поседувале американско државјанство, а потекнуваат од арапските земји.

Тројцата, заедно со уште четири други лица беа уапсени во август 2009 година во Северна Каролина. Меѓу уапсените се и Даниел Бојд кој бил водач на групата, неговите два сина, Закарија и Дилан, како и Анес Субашиќ.
XS
SM
MD
LG