Достапни линкови

logo-print

Иран ги предупреди соседите да не го зголемуваат извозот на нафта


Танкери во близина на островот Харк во Иран, каде што има важни наоѓалишта на нафта.

Танкери во близина на островот Харк во Иран, каде што има важни наоѓалишта на нафта.

Иран ги предупреди неговите соседи од Персискиот Залив да не го зголемуваат извозот на нафта ако Западот воведе ембарго за иранската нафта. Во денешното интервју за катарскиот весник Шарк, иранскиот претставник во ОПЕК, Мохамад Али Хатиби, изјави дека Техеран нема да гледа на таквиот чекор како на „пријателски“ и дека тие земји „ќе бидат одговорни за тоа што се случува“.

Најголемиот производител на нафта во регионот, Саудиска Арабија, веќе соопшти дека е подготвена да го зголеми извозот.

Земјите од ЕУ начелно се договорија да воведат санкции за увоз на иранска нафта како дел од напорите на Западот да изврши притисок врз Иран да се откаже од нуклеарна програма, за која САД тврдат дека служи за развој на атомска бомба. Иран ги негира овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG