Достапни линкови

Уште тројца преживеани од луксузниот брод што потона кај Италија


Бродот Коста Конкордиа тоне во близина на италијанскиот брег на 14 јануари 2012 рано наутро.

Бродот Коста Конкордиа тоне во близина на италијанскиот брег на 14 јануари 2012 рано наутро.

Јужнокорејски брачен пар на свадбено патување бил спасен од внатрешноста на потонатиот луксузен брод за крстарење Коста Конкордиа што потона во близина на западниот брег на Италија. Спасувачите денеска пронашле уште еден преживеан.

Продолжува потрагата по околу 40 луѓе што се уште се водат како исчезнати, повеќе од еден ден од потонувањето на бродот. Повеќе од 4.000 луѓе беа евакуирани со чамците за спасување, а некои пливале до брегот.

Полицијата ја потврди смртта на тројца луѓе.

Истражителите се уште утврдуваат кои се причините за потонувањето и зошто на 290-метарскиот брод му било дозволено да дојде толку блиску до брегот. Капетанот на лукзузниот крузер Коста Конкордиа е во притвор. Обвинет е за повеќекратно убиство, предизвикување на бродолом и напуштање на бродот додека се уште имало патници на него.
XS
SM
MD
LG