Достапни линкови

logo-print

Ослободени тројца пратеници од косовско „Самоопределување“


Судири меѓу демонстрантите од Самоопределување и косовската полиција на граничниот премин Мердаре.

Судири меѓу демонстрантите од Самоопределување и косовската полиција на граничниот премин Мердаре.

Тројца пратеници од опозициската косовска парламентарна партија „Самоопределување“, кои синоќа беа приведени за време на протестот кај преминот Бела Земја, се ослободени откако дале изјава во полицијата во Гњилане. Сепак, на потпретседателот на партијата Аиди Дергути и уште четворица претставници одреден им е притовот од 48 часа.

Поради блокадите на граничните премини Мердаре и Бела земја приведени се 150 луѓе.

Во вчерашните судири меѓу приврзаниците на „Самоопределување“ и полицијата повредени се 13 косовски полицајци и четворица демонстранти. Судирите избувнаа откако приврзаниците „Самоопределување“ сакаа да го блокираат граничниот премин Мердаре кон централна Србија, со цел да не дозволат влез на камиони, кој превезуваат српски стоки во Косово.

Специјалните сили на косовската полиција интервенираa, откако демонстрантите ги нападнаа со камења и метални предмети, се наведува во соопштението на косовската полиција. По судирите, кои траеле околу три часа, полицијата успеала да го ослободи патот и да воспостави ред, при што им овозможила на првите камиони од Србија да влезат на косовска територија со полициска придружба.

Против блокадите на граничните премини кон Србија, Мердаре и Бела Земја претходно се изјаснија највисоките официјални претставници на Косово, меѓу кои и премиерот Хашим Тачи, претставниците на меѓународната заедница, како и опозициските партии.

„Самоопределување“ се залага за обединување на Косово со соседна Албанија. Косовските власти претходно соопштија дека забраниле влез во Косово на неколку автобуси од Албанија, кои превезувале Албанци, кои сакале да се приклучат кон косовските демонстранти.
XS
SM
MD
LG