Достапни линкови

Парламентарни избори во Казахстан, крај на еднопартискиот систем


Гласачко место во Алмати.

Гласачко место во Алмати.

Се одржуваат парламентарни избори во Казахстан, по кои се очекува земјата да излезе од традиционалниот еднопартиски систем. Најмалку една од шесте опозициски партии, што и се спротивставуваат на владејачката Нур Отан на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев, гарантирано влегува во 107-члениот Долен дом на парламентот, односно Мaџилисот, дури и ако не го помине законскиот лимит од 7 отсто. Измените во изборниот законик дојдоа по крвавите протести во градот Жанаозен на западот на земјата, што избувнаа за време и по штрајкот на работниците од нафтената индустрија.
XS
SM
MD
LG