Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун го повика Асад да престане со убиствата


Бан Ки Мун на Конференцијата во Бејрут

Бан Ки Мун на Конференцијата во Бејрут

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска го повика сирискиот претседател Башар ал Асад „да престане да ги убива“ своите сограѓани.

„Му повторувам на сирискиот претседател Асад, престанете со насилството, престанете да ги убивате своите сограѓани, репресијата води во ќорсокак“, рече Бан Ки Мун на отварањето на конференцијата во Бејрут, посветена на демократиите во транзиција во арапскиот свет.

Генералниот секретар на ОН цитирајќи го славниот арапски филозоф од 14-от век Ибн Хајдун рече дека „оној кој користи моќ, сила или принудува на нешто, тоа го работи на своја штета и еден ден неговиот народ ќе го напушти.“

Според ОН, во десетмесечните насилства во Сирија досега загинале повеќе од 5.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG