Достапни линкови

Временска прогноза - Малку сонце, малку снег


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб снег, особено во северните и североисточните делови на земјата. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе движи од минус 15 до минус четири, а дневната од минус четири до четири степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер и со сончеви периоди. Температура ќе достигне до два степени.
XS
SM
MD
LG