Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - мизерија, триумф и непотизам


Оценката на Економист за прво место на Македонија по беда во светот, непотизмот во судството и „триумфот“ на Скопје 2014 - дел од темите во последните изданија на неделниците.

Фокус - Оценката на Економист е шлаканица за Груевци

„Како шлаканица за Груевски и за неговите министри одекна веста на Економист дека Македонија е на прво место по бедата во светот во конкуренција на 92 земји. Шлаканица за креаторите на македонскиот политички и економски амбиент што треба да е последен повик да излезат од своите удобни кабинети, да излезат од лажниот
Шлаканица за креаторите на македонскиот политички и економски амбиент што треба да е последен повик да излезат од своите удобни кабинети, да излезат од лажниот потемкинов сон во кој доминираат триумфални порти и споменици, затоа што будењето е исклучително кошмарно и враќа во реалноста. Народот во оваа земја е гладен!.
потемкинов сон во кој доминираат триумфални порти и споменици, затоа што будењето е исклучително кошмарно и враќа во реалноста. Народот во оваа земја е гладен!“, извикува авторот на крајот на анализата во Фокус за оценките на престижното британско списание.

„Бесрамен непотизам“ е насловот на текстот за состојбите во судството во државава: Децата на судиите комуњари, пишува во неа, станаа лавчиња, кои гордо ги наследуваат тогите на своите претци. Виновна била традицијата, гордо изјави еден млад обвинител, кој убедуваше дека неговиот избор нема врска со тоа што е син на претседателката на скопска Апелација! Тоа што во светот се вика непотизам или конфликт на интереси, кај нас се викало семејна традиција, заклучува неделникот.

Порта Македонија

Порта Македонија

„Валканото боксерче“, како што во 2004 година Мирка Велиновска го опиша Никола Груевски, виде како го испратија Киро Глигоров неговите најголеми медиумски поддржувачи и сфати дека веќе нема шега со „слободните радикали“ во медиумскиот простор, пишува во својата редовна колумна еден од уредниците на неделникот, кој ја анализира превртливоста на некои припадници на новинарската фела.

Глобус - Триумфот зад триумфалната порта
Со Скопје 2014 државава ја изгуби битката со нормалноста зашто тој проект, всушност, е споменик на режимот, односно, видливата временска и просторна рамка во која се случува режимизација на системот и упропастување на демократијата.

За „Триумфот зад триумфалната порта“ пишува во една од колумните во Глобус - триумф, кој според авторот, е пораз на Скопје и на Македонија. Со Скопје 2014 државава ја изгуби битката со нормалноста зашто тој проект, всушност, е споменик на режимот, односно, видливата временска и просторна рамка во која се случува режимизација на системот и упропастување на демократијата. Проектот е производ на политиката на сила, тој е симболот на моќта, на заболениот политички ум, заклучува Глобус.

Веројатно инспириран од прилогот на една телевизија кому од естаблишментот му паднала паричката во погачата за Бадник, друг колумист во истиот неделник со доза на циничен хумор пишува: „Ако во некој случај не му паднеше парата на министерот Ставрески, тогаш тој ќе ја ренташе од други (главно од странство) и обратно, ако му паднеше парата, тој ќе ја ренташе на други (главно од странство).“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG