Достапни линкови

Косовската влада ги осуди нападите над полицијата


Протести кај Подуево

Протести кај Подуево

Косовската влада изрази жалење поради насилната акција на движењето Самоопределување против припадниците на полицијата на Косово, кои го штителе редот и законот за време на блокадите на граничниот премин кај Подуево.

Полицијата соопшти дека во текот на судирите со демонстрантите се повредени 13 полицајци. Полицијата привела 42-ца демонстранти.
Владата ги повика лидерите на Самоопределување да не применуваат сила и да не го попречуваат слободното движење што е загарантирано со Устав.
Владата на Косово изрази задоволство од одмерениот и коректен однос на граѓаните, политичките партии, цивилниот сектор и професионалното известување на медиумите.
XS
SM
MD
LG