Достапни линкови

Уште еден чин на самозапалување на човек во Тибет


Духовниот лидер на Тибет Далај Лама

Духовниот лидер на Тибет Далај Лама

Уште еден демонстрант во Тибет денеска се самозапалил . Ова е 16-ти случај годинава и четврти во последните девет дена. Настанот се случил во близина на манастирот Кирти во провинцијата Сечуан е Аба.
Чинот на самозапалување е протестен акт против како што велат Тибетанците кинеската репресија на тибетската култура и религија. Нема извештаи дали денеска имало и тековни судири меѓу кинеските безбедносни сили и локалните Тибетанци, вклучително и монасите од манастирот Кирти.

Пекинг го негира користење на репресивни методи против Тибетанците, но по секој инцидент на самозапалување, власите ја зголемуваат безбедноста во областа каде се случил инцидентот.

Духовниот лидер на Тибет Далај Лама, изјави дека е против чинот на самозапалување, но вели дека луѓето се доведени до очај од „културниот геноцид“ под кинеска власт.
XS
SM
MD
LG