Достапни линкови

Навивачите на време да се појават во салите


Македонската ракоментна репрезентација

Македонската ракоментна репрезентација

Ракометниот сојуз на Србија денекса ги повика навивачите да дојдат еден час пред почетокот на отварањето на Европското првенство, за да не се ствара застој на влезовите.
Церемонијата на свеченото отварање започнува во 17 и 35 минути во белградската сала Пионир. Натпреварите освен во Белград ќе се одржуваат и во Ниш, Вршац и Нови Сад.
Ракометната федерација на Македонија поради големата заинтересираност на македонските навивачи да пристигнат во Ниш и да ги бодрат нашите ракометари апелира кон Србија да тргнат рано наутро за навреме да пристигнат за утрешниот натпревар.
„И во текот на денешниот ден има гужва на граничниот премин Табановце-Прешево. За утре се учекува уште поголем број на возила и патнички автобуси, поради што апелираме навивачите на македонската репрезентација да тргнат кон Србија во утринските часови за навремено пристигнување во Ниш, велат од Федерацијата.

Македонската селекција утре игра во Ниш и за прв противник ќе ја има репрезентацијата на Шведска. Македонија е дел од групата „Б“ . Во вторник Македонија игра со Германија а во четврток со Чешка.
XS
SM
MD
LG